Неколку совети за здрава бременост – заштитете го здравјето на вашето бебе и на самите вас
Престанете да пушите
Пушењето ги зголемува ризиците од низа проблеми, како спонтан абортус, проблеми со плацентата, и предвремено породување. Исто така, може да го забави растот на бебето, а да го зголеми ризикот од смрт на новороденчето или раѓање на мртво новороденче. Некои истражувања го поврзуваат пушењето со зголемен ризик од расцеп на усната или непцето кај бебето. Затоа, не е никогаш доцна да ги откажете или барем намалите цигарите.
Престанете да пиете алкохол
Алкохолот го зголемува ризикот бебето да се роди со помала родилна тежина, ги зголемува ризиците за појава на проблеми поврзани со учењето, говорот, вниманието, јазикот, како и хиперактивност. Бидејќи не е точно утврдено која колилчина на алкохол може да му наштети на бебето во развој, се препорачува целосно да го исфрлите алкохолот.
Вашиот дом и работното место треба да бидат безбедни
Треба да имате во предвид дека некои професии, работни места или пак некое хоби можат да бидат опасни за бебето. Морате да преземете соодветни мерки и да се заштитите ако сте изложени на хемикалии, тешки метали, одредени штетни биолошки агенси, или зрачење. Освен ова, некои средства за чистење, пестицидите во овошјето и зеленчукот, и оловото во водата за пиење кое доаѓа од старите цевки исто така се штетни за вашето бебе и за вас. Затоа, разговарајте со вашиот доктор и преземете ги сите мерки за да ги избегнете можните ризици по вашето здравје и во домот и на работното место.