Идеален двор е оној кој е уреден на таков начин што ќе биде место за уживање и одмор.
Идеален двор е оној кој е уреден на таков начин што ќе биде место за уживање и одмор. А за да го постигнете тоа, мора да исполните неколку основни услови.
Па, потрудете се да оставите добар впечаток и пред другите и почитувајте ги овие неколку совети.
1. Не претерувајте со растенијата и цвеќињата
Растенијата и цвеќињата го прават секој простор поубав, но тенка е линијата помеѓу богата градина и премногу натрупана. Затоа, пружете им на растенијата и цвеќињата доволно слободен простор за да може да растат и да се развиваат.
2. Не занемарувајте го осветлувањето
Одвреме-навреме проверувајте дали работат ламбите во вашата градина. Неколку мали ламби ќе дадат подобар изглед, а вашите гости полесно ќе се снаоѓаат.
3. Исчистете ја тревата
Нормално е дека е невозможно да го отстраните секое диво растение штом ќе се појави, но нема изговор за двор кој целиот е опкружен со трева. Посветете малку внимание секоја недела и дворот ќе ви изгледа уредно во текот на целата година.
4. Чистете ги скалите
Ако влезот во вашиот дом вклучува и скали, тогаш потрудете се истите редовно да ги чистите. Тие лесно може да се извалкаат и да делуваат неуредно.
5. Не оставајте го градинарскиот алат надвор
После долгото уредување на градината, сѐ што сакате е да се опуштите и да се одморите. Но, не заборавајте ги лопатите, ножиците и метлите во вашиот двор. Уредно соберете го и цревото со кое сте наводнувале и дозволете да се забележи трудот кој сте го вложиле.