Малиот стан не мора да биде голем проблем!
Малиот стан не мора да биде голем проблем! Иако можеби мислите дека ограничениот простор е голема препрека да го уредите вашиот стан според последната мода, сепак, постојат практични совети кои може да ви помогнат во тоа да направите вашиот стан визуелно да изгледа поголем. Погледнете ги овие неколку правила за да го постигнете тоа.
Правило број 1: Ѕидовите треба да бидат светли
За да вашиот стан визуелно изгледа пошироко, ѕидовите би требало да ви бидат светли, на пример бели, беж, пастелни нијанси… Само внимавајте да бидете што подалеку од темните тонови!
Правило број 2: Подот би требало да одговара на ѕидовите
Па, која боја ќе биде на ѕидовите, би требало да биде и на подот. Светлите бои го „отвораат“ просторот, а кога ќе додадете слики и детали, сѐ ќе ви изгледа одлично.
Правило број 3: Користете ги огледалата паметно
Огледалата не се само предмети кои ви помагаат да се подготвите за работа, факултет или излегување. Тие може да играат клучна улога за „отворање“ на просторот, особено доколку имате повеќе огледала кои ќе го пробудат просторот. Одбивањето на светлоста од огледалото исто така може да помогне при „зголемување“ на вашиот стан.
Правило број 4: Што повеќе ламби, толку подобро
Колку што е поосветлен станот, толку изгледа поголем. Затоа, секоја ламба е добредојдена, како на плафонот, така и на ѕидот, подот, столот… Секако, избирајте бело светло.
Правило број 5: Купувајте го мебелот паметно
Практичниот мебел кој може да има двојна намена е нешто што морате да го имате доколку живеете во мал стан. Размислете за кревети на расклопување, полици кои се претвораат во трпезариска маса со столови и слични трикови.
Правило број 6: Размислувајте вертикално
Сé што можете, редете вертикално, а не хоризонтално. На тој начин паметно ќе го исполните вашиот простор. Полиците со книги се само еден пример.