Уште од одамна розевата боја се сметала за идеална за женскиот пол. Иако можеби ви се чини дека повеќе е наменета за девојчиња, отколку за жени, ќе се изненадите колку оваа боја може да направи да се чувствувате сигурни и да бидете привлечни.
Од психолошка гледна точка, оваа боја има моќ да опушта. Доколку се чувствувате уморно или не сте спиеле доволно, само нанесете ја оваа сенка на очите и вашиот поглед ќе изгледа посвежо и поодморено. Розевата боја го отвора погледот и го спречува уморниот изглед на кожта. Доколку и вие сте љубители на оваа боја, тогаш вреди да ги погледнете овие совети со чијашто помош ќе изгледате како принцеза.
Најпрво, на кожта на лицето е потребно да нанесете хидратантен крем и течна пудра наменета за вашиот тип кожа. Доколку имате темни кругови околу очите, нанесете коректор во вашата боја на кожта.
Откако нанесовте пудра, на очите нанесете бела мат сенка и размачкајте ја по должина на половина капак, а посебно нагласете ја областа покрај работ на окото и носот. Потоа нанесете розева сенка. Внимателно исенчете ја додека грубиот раб од сенката скоро не исчезне. Потоа земете светла виолетова сенка и почнете да сенчите од работ на окото кон средината на капакот, со цел да се стопи со розовата боја, но само до половина на капакот. Откако ќе го направите тоа, со црна сенка само допрете ги краевите на окото, па нежно размачкајте.
Одлучете се и и за розева боја на усните, дефинитивно нема да погрешите! Важно е таа боја да биде или посветла или потемна од бојата која ја имате на очите, зашто премногу изедначени бои може да изгледаат монотоно и досадно. Играјте си со боите, препуштете ѝ се на фантазијата и заборавете на строгите правила, затоа што со розевата боја нема да погрешите.