На црната коса ѝ треба посебна нега. Но, добро комбинираната шминка, ја истакнува уште повеќе и ѝ дава посебна убавина. Во зависност од шминката, црната коса може да направи жената да изгледа мистериозно и привлечно или отмено и елегантно. Погледнете ги овие неколку совети кои ќе направат да изгледате фантастично.
Правилно обликување на вегите
Обојте ги веѓите во нијанса посветла од вашата темна коса, со цел да постигнете попријатен изглед. Благи линии и смеѓи тонови се добар избор.
Топли „розови“ тонови
Користете кафеаво моливче за очи и црна маскара, со цел да го истакнете изгледот на своите очи. Сето ова надополнете го со розови усни и образи. Така ќе изгледате умерено и природно.
Усни со боја на брусница
Шминката на очите треба да ви биде едноставна, па затоа повеќе фокусирајте се на усните. Покрај тоа што можете да користите розови нијанси, бојата на брусница исто така одлично ќе ви прилега. Темната коса и оваа нијанса ќе ве направат заводливи.
Вистинските нијанси на сенки
Ако сепак сакате да ги нагласите вашите очи, тогаш црната маскара и сенка за очи се најдобар начин вниманието да го насочите кон истакнувањето на очите. Сепак, не заборавајте го карминот како важен детаљ!