Реклама
Фитнес

Совети за рамен стомак

Реклама

Најголемата болка на сите кои водат битка со килограмите е секако стомакот.

Абдоминалното сало е многу повеќе од само естетски проблем – тоа може да претставува и здравствен проблем  бидејќи може да придонесе за појава на заболувања на срцето, дијабетис, артериски хипертензии, гастроинтестинални болести, дегенеративни болести на зглобовите, гинеколошки проблеми, ендокринолошки пореметувања, малигни тумори, пореметување на дишењето во сонот и психолошки проблеми.

Маркетинг

Според податоците, бројките се прилично разочарувачки, па така скоро секое второ лице има проблеми со вишокот килограми, а кај секое петто тие се посериозни. Затоа ве советуваме да ставите крај на дебелината колку побрзо можете, бидејќи тоа е болест. Без сомневање, решавањето на проблемот со наталоженото сало во пределот на стомакот ќе ви овозможи долг и здрав живот.

Аеробни активности

Маркетинг

Доколку морате да ги симнете масните наслаги, вежбите за стомачните мускули се губење на време. Треба да почнете со интервален тренинг – кратки серии со вежби со силен интензитет – кои што ќе го поттикнат ослободувањето на адреналин, хормонот кој го тера телото да го согорува складираното сало.

„Комбинација од ваков тренинг со тренинг за сила е најдобар начин да се решите од масните наслаги на стомакот“, објаснува Марко Боргес, личниот тренер на пејачките ѕвезди Шакира и Бијонсе.

Под аеробни активности ги подразбираме сите активности од кои срцето ќе почне да ви работи побрзо – трчање, брзо одење, пливање, возење ролери. Според истражувањето на Универзитетот „Дјук“ аеробните активности се најдобар начин за согорување на масните наслаги кои се наоѓаат длабоко во нашиот стомак, т.н. висцеларно сало кое што ги опкружува органите.

Истражувачите го споредувале влијанието на овие вежби со тренинзите за сила, па дури и комбинации од овие два вида вежби и заклучиле дека аеробните активности согоруваат 67% повеќе калории што овозможува поефикасно слабеење.

Доколку досега сте воделе седечки начин на живот, а свесни сте дека е така, не морате веднаш да се трансформирате во зависник од теретана. „Она што е важно е колку вежбате, колку километри одите и колку калории согорувате. Доколку сакате да вежбате со помал аеробен интезитет, едноставно ќе ви треба подолго време за да согорите иста количина на нездрави маснотии“, објаснува Крис Шленц, кој ја предводи студијата.

Протеини

 

Резултатите од нивното истражување покажаа дека со житарки од цело зрно и протеини полесно се слабее. Ова правило особено е важно за претставничките на понежниот пол. Па така Американската академија за нутриционизам и диететика на жените им препорачува исхрана составена од житарки од цело зрно (три порции по 28 грама), млечни производи (три порции без масти или со малку масти), протеини (140 до 170 грама месо без маснотии како пилешко или мисиркино), овошје (две шолји) и зеленчук (две и пол шолји).

Протеини ќе најдете во белките од јајцата, овошјето, зрнестите плодови, темниот зеленчук и житарките од цело зрно. Протеините исто така можат да го забрзаат метаболизмот, овозможуваат да се чувствувате сити подолго време, односно да го држите апетитот под контрола.

Зрнести плодови

Шпанските стручни лица ни укажаа на еден од најновите совети за рамен стомак: во секојдневната исхрана треба да вклучите зрнестите плодови и да се подготвите за топење на појасот околу стомакот. За добро здравје доволно е секој ден да се изедат 30 грама нелупени и непечени ореви, бадеми или лешници. Маснотиите, протеините и влакната од зрнестите плодови помагаат да се задржи чувството на ситост па така ќе јадете помалку во текот на денот.

Растителни влакна

Растителните влакна кои се раствораат во организмот придонесуваат за намалување на холестеролот во крвта и ризикот од болестите на срцето, а исто така тие се корисни за успорување на апсорпцијата на шеќерите и намалување на ризикот за развој на дијабетис тип 2 или дијабетис независен од инсулин. Јачменот и овесот претставуваат совршен извор на диетални влакна.

Масло од шафран

Доколку сакате да го намалите ризикот од болести на срцето стручните лица советуват 16 недели секојдневно да користите масло од шафран. Резултатите од најновото истражување покажаа дека доза од ова масло (околу 1 2/3 кафена лажичка) може да го подобри добриот холестерол, нивото на шеќерот во крвта, осетливоста на инсулин, т.е. ги намалува запаленијата кај жените во менопауза кои имаат дијабетис тип 2.

Ова откритие оди во прилог на претходните студии кои покажаа дека 16-неделна консумација на шафран доведува до намалување на абдоминалните маснотии и зголемување на мускулното ткиво. Истражувачите од Универзитетот Охајо исто така го воочиле доброто влијание врз здравјето на ова масло – жените кои ја поминале менопаузата успеале да го намалат обемот на половината токму со помош на маслото од шафран.

Кисела зелка

„Можеби не сте свесни за тоа, но начинот на кој се метаболизира храната е многу важен за начинот на кој внесуваме калории. Во цревата имаме разни бактерии, а ако тие не се здрави, тогаш нема да ја варите храната на правилен начин. Навистина можете да апсорбирате премногу калории и да се здебелите, а ништо да не правите поинаку. Киселата зелка е ферментирана нерафинирана храна која ви обезбедува добри бактерии и помош во слабеењето“, објасни популарниот д-р Мехмет Оз во неговата ТВ емисија.

Ordinacija.hr

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button