Реклама
BEAUTYНега и здравје

Спијте во ладна просторија, редовно вежбајте: Неколку совети кои ќе ви помогнат да имате подобар сон

Реклама

Денес многумина имаат проблем со заспивањето. Но, за среќа, постојат неколку совети од ескпертите кои може да ви помогнат во таа борба, а некои од нив можете да погледнете во продолжение.

Не пијте алкохол пред спиење

Иако полесно ќе заспиете од алкохолот, нема убаво да спиете во текот на ноќта и ќе се будите многу почесто, иако нема да бидете свесни за тоа.

Спијте со чорапи

Ако стапалата и дланките ви се топли, побрзо ќе заспиете. Забрзете го процесот така што ќе облечете чорапи пред да легнете во кревет.

Маркетинг

Спијте во ладна просторија

Не е добро да спиете во премногу ладна или премногу топла просторија. Идеалната температура за спиење е од 15 до 20 степени.

Избегнувајте го попладневното кафе

Кафето останува во организмот многу подолго отколку што мислите. Експертите предложуваат да не пиете кафе после 4 часот попладне.

Маркетинг

Редовно вежбајте

Едно американско истражување направено во 2013 година дошло до заклучок дека оние кои редовно вежбаат, спијат подобро. Вежбањето не мора да ви одземе многу време, туку само неколку минути дневна физичка активност ќе ви направат голема разлика. Но, запаметете дека не треба да вежбате премногу доцна, затоа што можете да постигнете спротивен ефект.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button