Реклама
Интервју

Дизајнерите советуваат како да блеснете на новогодишната ноќ: Олгица Ѓоргиева

Реклама

Елеганцијата е нејзин заштитен знак, особено кога станува збор за свечени прилики како новогодишната прослава.

Маркетинг

Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со нејзините скулптурни креации не ги остава рамнодушни вљубеничките во модерниот романтичен стил и за нив и сите други кои сакаат да изгледаат елегантно за празниците, таа ги сподели за Штипка нејзините совети:

Вие сте дизајнерка што извлекува воздишки со нејзините креации кај жената која бара елегантни, но современи модни парчиња. Што би им препорачале на девојките и жените да облечат оваа новогодишна вечер за да изгледаат свечено, а сепак во склад со годините?

Маркетинг

Како што веќе спомнавте ја сакам елеганцијата на еден модерен, малку поинаков начин. Таков би бил и изборот на облека која би ја препорачала за новогодишната вечер. Секако не го отфрлам овде свечениот момент, ако треба нека биде и сјајно тоа што ќе се носи, но нека биде искомбинирано со стил, естетика и умереност. Да се одлучи на што ќе се стави акцентот, дали на кројот, материјалот или модните додатоци.

Сè на едно место не се препорачува затоа што води во сосема друг правец кој и не е толку пријатен за окото. Секако облеката ќе зависи и од начинот како и каде ќе ја прославите новогодишната ноќ.

Веднаш потоа следи низа празници и домашни забави за кои исто така треба да бидеме празнично дотерани. Што препорачувате да се облече на домашна семејна прослава?

Празниците подразбираат почитување, внимание, убава атмосфера, така што сето тоа се одразува и на облеката која ја носиме или би требало да ја носиме тие денови. Не треба да биде ништо пренападно, пресвечено.

На прво место би требало да биде пријатно, со мала доза на официјалност, за да се даде акцент на моментот. Секако во зависност од возраста, се подразбира и изборот на гардероба, но ете тоа би можеле да бидат некои интересни џемперчиња искомбинирани со малку поофицијални здолништа или панаталони, или памучни фустанчиња кои свеченоста ја доловуваат со својот крој.

Кое парче би го издвоиле што задолжително ќе го носите или би сакале да го носите на новогодишната прослава?

Јас се одлучив за црн, краток фустан од стилизиран брокат со нагласена половина, волумен во долниот дел, нагласени раменици и како детал, редица од копчиња во задниот дел.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button