Коса

Три совети за нега на коса кои ги практикува Џиџи Хадид

Advertisement

Џиџи Хадид е позната по беспрекорниот стил на облекување, но и по преубавиот природен изглед во кој најчесто главниот збор го има нејзината совршено несовршена фризура. 

Advertisement

Џиџи го претендира природниот изглед па затоа изгледа како некоја убава девојка од соседството, а што се однесува до нејзината „само што се разбудив“ фризура прочитајте ги трите правила за убавина кои што ги следи оваа убавица.

Несредена коса е шик фризура

Косата на Џиџи Хадид никогаш не изгледа претерано наместено, а за оваа фризура потребно е косата да ја исушите со фен, а потоа да ја попрскате со солен спреј како би добила на текстура.

Advertisement

Мијте ја косата само кога навистина имате потреба за тоа

Можеби сметате дека секојдневното миење на косата е здраво, но вистината е сосема поинаква, односно премногу честото миење воопшто не добро бидејќи ги суши врвовите на косата и притоа го поттикнува влакната да бидат помрсни. Очигледно дека Џиџи го знае ова многу важно правило, па затоа и не практикува секојдневно да ја мие косата, а доколку и вие сакате да имате прекрасна коса како нејзината, мијте ја само кога навистина имате потреба за тоа.

Дознајте каков тип на коса имате и какви производи да користите

Ако ја миете косата секојдневно постои голема шанса вие и да не знаете каков тип на коса имате. Но тоа морате да го знаете како би избрале адекватен третман за неа. Затоа посоветувајте се со вашиот фризер да ви каже какво тип на коса имате и какви производи треба да користите, препорачува познатата манекенка.

Извор: Fashion.hr

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button