Реклама
Коса

5 работи што секоја жена МОРА да ги знае пред да направи нова фризура!

Реклама

Веќе не мора да ѝ завидувате на Блејк Лајвли, бидејќи и вашата коса ќе биде неверојатна како нејзината.

Да се има добра фризура е навистина важно. Тоа не само што може да го претвори секој лош ден во еден од најдобрите досега, туку новите дополнителни слоеви може целосно да ја зголеми вашата самодоверба до небо, оставајќи ве со чувство дека можете да го имате светот во малото прсте неколку наредни недели. Но, со погрешна фризура вие (1) ќе сакате да го убиете стилистот и (2) да плачете неколку дена по љубовниот состанок.

Маркетинг

Значи, за да избегнете колапс, Марк Таунсенд, гуру за фризури, наведе за Cosmopolitan.com неколку работи кои треба да се земат предвид пред,  всушност, да направите фризура.

 1. Форма на лицето 

Маркетинг

Откако ќе дознаете дали имате квадратно, тркалезно, заоблено или лице во облик на срце, може да се одлучите која фризура ќе биде најдобра за вас. Таунсенд препорачува да го одредите обликот на лицето проверувајќи ја линијата на вашата вилица, а  потоа нацртајте ја таа специфична форма на парче хартија. Вашата цел е лицето да ви изгледа поовално, која е најдодворувачката форма, па откако ќе исцртате круг, срце или квадрат, нацртајте ја посакуваната фризура внатре во формата и видете дали таа создава овална форма во центарот. Ако е така, тогаш фризурата ќе одговара на вашето лице. (Ова не е тешко да се направи; доколку може да нацртате човечка фигура, тогаш сте супер.) Веќе имате овално лице? Честитки, може да си одберете било каква фризура!

 2. Текстура на косата 

Ако имате груба, кадрава коса, не можете да ја донесете сликата на Блејк Лајвли и да очекувате да излезете од фризерскиот салон со нејзината текстура на косата, бидејќи ниту една фризура нема да ја претвори  вашата текстура во локни од типот wash-and-go како нејзините. Исто е и со спротивната текстура: Ако имате тенка, мазна коса, не ќе ја имате текстурата и обемот ниту на Бијонсе. Наместо тоа, најдете позната личност која изгледа дека има текстура како вашата коса и покажете ја сликата на вашиот стилист.

 3. Имајте реални очекувања 

Секој пат кога ќе добиете инспирација за фризура, знајте дека косата на вашата славна личност е, веројатно, полна со екстензии, дека таа има стилист кој троши часови на нејзината коса и дека никој нема да ве следи наоколу со апарат за создавање ветер. Значи, бидете реални кога ќе влезете во фризерскиот салон. Разговарајте со вашиот стилист за тоа што е можно за вас, без разлика дали се во прашање екстензии, потстрижување или лелеење на ветрот кога ќе излезете надвор.

 4. Земете го во предвид вашиот животен стил 

Ако навистина знаете дека нема да имате време да си правите фризура самите, тогаш земете го тоа предвид и одберете стил што изгледа добро само со wash and go (помислете на совршено несредената текстура на косата на Алекса Чунг). Ако сте девојка која одвојува време за стилизирање на косата, тогаш можете да одберете фризура за која е потребно време за одржување, како магичната слоевита коса на Жизел.

 5. Осигурајте се дека навистина сте подготвени за фризура 

Секако, ако е само потстрижување и дотерување, не е сериозно. Но, штом еднаш ќе исечете 20-тина сантиметри, нема лепење назад. Значи, ако сте имале супер долга коса под градите целиот свој живот, ама размислувате за bob фризура или дури и pixie, размислете за тоа еден месец пред да донесете спонтана одлука. Ако тоа е единственото нешто за кое размислувате кога се будите наутро и кога си легнувате навечер, тогаш сте подготвени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button