Најчесто зад секој добар и голем моден Инстаграм профил стои девојка со неколку добри трикови во нејзините ракави.
Нејзиниот профил не само што изгледа пријатно за гледање, туку можете да пронајдете и корисни информации за шопинг и за најдобрите продавници во вашата близина, каде да јадете, во кој хотел да престојувате, а во некои случаи може да ви покаже и некои деловни прилики. Па доколку сакате и вашиот профил на Инстаграм да изгледа среден како на овие ИТ девојки, вие сте на вистинското место. Во продолжение ќе прочитате неколку интересни совети кои ќе ви бидат корисни за да ја направите вашата стратегија.
Насловите треба а ви се кратки, а хаштаговите селективни
Кендал Џенер и Џиџи Хадид се професионалци во овој метод. Тие имаат едноставни наслови (или пак ги немаат воопшто) и тоа најмногу им се допаѓа на корисниците на оваа мрежа. Никој не сака да чита цели параграфи и дузина хаштагови. Еден или два се сосем доволни.
Постирајте различни видови на слики и видеа
Понекогаш постирајте пејсаж, пријатели, животни… И да имате тематски профил, не треба да бидете монотони.
Тагирајте ги брендовите
Понекогаш брендовие ги реобјавуваат најдобрите слики поставени од страна на следбениците со што ќе ве престават на потполно нова публика, Но и да не се случи ова, вие ќе бидете означени во делот на тагираните фотографии.
Не претерувајте со селфи фотографии
Познатите ИТ девојки одвреме навреме ќе објават селфи фотографија, но тие тоа не го прават постојано. И како тие треба да изгледаат? Па секако со кул очила за сонце, накит, симпатични миленици и добар пејсаж.
Премини на следната страна >>