Пролетниот умор се карактеризира со намалена концентрација, поголемо чувство на замор и лошо расположение, а се јавува најчесто со почетокот на пролетта, во март и април.
Се работи за нормален физиолошки процес кој се јавува речиси кај сите, но некои го чувствуваат повеќе. Ако не сте физички активни, ова е идеално време да излезете и да почнете да се занимавате со некоја физичка активност. Прошетката на воздух и сонце во комбинација со одредена физичка активност ќе го поттикне лачењето на хормонот на среќа и побрзо ќе можете да се изборите со овој сезонски проблем. Физичката активност го забрзува метаболизмот и ја подобрува циркулацијата, поради што ќе се чувствувате подобро и поодморени.
Исто така физичката активност помага и при регулирањето на телесната тежина, а го подобрува и целокупното ваше здрајве, при што имате огромни бенефити. Некои од активностите кои се препорачани од страна на Светската здравствена организација се пешачење, пливање и возење велосипед. Еве уште кои совети ги даваат експертите:
- Внимавање на исхраната
- Јадење намирници богати со витамин Ц
- Избирање намирници богати со железо
- Јадење повеќе зеленчук
- Пиење доволно течности
- Доволно спиење