Јас лично сметам не постои подобар тест за вашиот стил од вашата бременост. Тоа е моментот кога секоја жена треба да избере што е она што навистина сака да го носи и како навистина сака да изгледа, вклучувајќи ги тука сите опции за бремени жени кои и не се баш толку многу и не се едноставни за носење.
Блогерката Рејч Парсел која што стои зад блогот pink peonies наскоро го очекува своето прво бебе и таа е една од оние жени кои не дозволуваат новата линија да ја збуни кога е стилот во прашање.
„Најпрво мислев дека ќе носам опуштени и лабави блузи со тесни фармерки, но набргу научив дека со новата форма на вашата силуета откривате парчиња кои се далеку од она што најчесто го доживувате како комфорно и опуштено“ вели таа за Гламур и додава: „Се чувствувам најдобро и најсамоуверено кога носам нешто што го истакнува мојот стомак.“ Покрај ова таа реши да инвестира и во два пара фармерки за бремени жени и вели дека не жали што ги купила, бидејќи планира да им додаде километража кога повторно ќе биде бремена.
Рејч на нејзиниот блог има преубави фотографии на кои се гледаат нејзините шик модни комбинации, но искрено бев запрепастена кога забележав на колку од нив таа носи високи потпетици, нешто за кое што бев убедена дека жените треба да го избегнуваат кога се во блажена состојба.
„Многу жени ме предупредија дека моите стапала ќе пораснат за една бројка и дека нема да можам да носам високи потпетици кога ќе бидам бремена, но јас, искрено го немам тоа искуство. Ако нешто ми се допаѓа кај нив и поради кое сакам да ги носам можеби и повеќе сега отколку порано, е тоа што тие ги издолжуваат нозете и ми помагаат да го избалансирам стомакот.
Па, сегашни и идни мами, што мислите за стилот на оваа мама во најава? Дали ви се допаѓа нејзиниот стил и дали би примениле некој од нејзините совети?