Акните и мозолчињата се типични за тинејџерите, но и повозрасните можат непријатно да се изненадат од појавата на оваа несакана напаст.
Следете ги следниве корисни совети и можеби нема да ви бидат потребни дополнителни средства и третмани за да се справите со оваа несакана појава.
– Мијте го лицето со благ сапун кој не ја суши кожата
– Ако ви треба средство за навлажнување на кожата изберете лесен производ без маснотии
– Ултравиолетовите зраци помагаат во борбата против акните, па затоа секој ден поминувајте на свеж воздух и на сонце барем половина час, секако не во периодот кога е најтопло.
– Внимателно избирајте ги средствата за сончање да немаат состојки кои ги затвараат порите.
– Јодот и јодираната сол можат да ја влошат состојбата па затоа избегнувајте ја храната која ги содржи.
– Внимавајте косата да не ви паѓа на лицето, посебно ако брзо се мрси, и да, – не го допирајте лицето!
– Еднаш или два пати на ден нанесете масло од чајно дрво на акните со парче газа или со (чисти) прсти.- Ако сакате брзо да ја исушите акната, применете ја старата добра рецепта – намачкајте ја со паста за заби пред спиење. Истиот ефект ќе го постигнете и со сок од лимон, кој треба да се нанесе 3-4 пати дневно.
– Луѓето со акни најчесто имаат пониско ниво на витамин А во крвта, така што обрнете внимание на исхраната и внесувајте го во доволни количини.
Премини на следната страна >>