Реклама
Дом и семејство

СТАРЕЦ ПАЈСИЈ СВЕТОГОРЕЦ: Совети за воспитување на децата

Реклама

„Кога вашите деца се мали должни сте да им помогнете да сфатат што е добро. Тоа и е најдлабоката смисла на животот.”

Старец Пајсиј Светогорец е еден од најзначајните и најсаканите светогорски старци на 20 век. Прогласен е за светец од страна на Цариградската патријаршија на 13 јануари 2015, а во православниот свет важеше за светец уште во текот на неговиот живот и пред да биде официјално канонизиран. Неговите објаснувања и упатства за воспитување на децата ќе им бидат од голема помош на сите родители.

Маркетинг

1. Децата не се виновни. Денес ги чуваат затворени во становите и немаат простор каде да трчаат и да си играат. Едноставно се приморани да бидат немирни. Не можат да се движат, да се испразнат. За децата природно да се развиваат потребен им е двор. Ако влезете во некој стан со деца и видите дека се е совршено средено, знајте дека тоа не е добро. Тука децата живеат со војничка дисциплина и така во нивните души влегува страв.

2. Не плашете се за децата кои од мали се научени на почитување. И малку да скршнат од патот, поради нивната возраст, поради искушенијата, пак ќе се вратат на вистинскиот пат. Тие се како дрвенарија премачкана со масло, па не може да изгние.

Маркетинг

3. Своите деца треба од мали да ги учите да се калат, да работат, да бидат храбри. И момчињата и девојчињата. Девојчињата треба да бидат благородни, да бидат храбри. Треба да работат домашни работи од малечки, бидејќи повеќето родители ги разгалуваат своите деца, па подоцна во животот се несреќни.

4. Добриот учител е голема работа, посебно во денешно време! Децата се празни касети: на нив ќе се снимат или безвредни песни (шунд) или византиска музика. Работата на учителите е света работа.

{youtube}Y1-Gbiz83Aw{/youtube}

5. Младото дрво се врзува со лабава врвка, бидејќи со жицата ќе се повреди кората на младото дрво и тоа ќе овене и ќе се исуши. Младото дрво треба да се ограничува со благонаклоност. Момчето полно со живост и егоизам не треба да го смирувате одеднаш, бидејќи пушта млади изданоци, токму како младото дрво, со многу сокови.

6. Децата уште во колевката ги „снимаат“ родителите. Копираат сè што прават возрасните и забележуваат на својата празна касета. Затоа родителите мораат да се борат да ги отсечат своите страсти.

7. Денес родителите не гледаат да ги исполнат децата со нешто, туку ги оставаат празни. Во семејството денес едниот родител гледа на едната страна, а другиот на другата, и како детето да најде љубов во такви околности? Треба прво да се погрижите децата да се исполнат со добри содржини, а образованието доаѓа после тоа.

8. Денес во цивилизацијата се случи еден голем скок, децата не ги разбираат родителите, а родителите пак децата. Треба секој да се постави на местото на другиот и така ќе се разберат. Децата не се виновни. Ги бомбардираат од сите страни со разни теории: ова е точно, она не е и т.н. И така децата на крајот не знаат што да мислат. Децата треба да се врзат, но внимателно и нежно. Еве јас моите домати ги врзав со коноп, а да ги врзев со жица што ќе се случеше? Немаше ли да ги повредам?

9. Сметам дека детето кое тргнало по лош пат суровите постапки ќе го направат уште полошо. Зборувајте со него за доброто и на добар начин и не дозволувајте да забележи колку сте нажалени што оди по таков пат. Нека се покажат дела и само дела, бидејќи ниту радоста ниту тагата нема да останат незабележани. Вие исполнете ја својата обврска и посоветувајте го, а потоа доверете го на Бога.

{youtube}bH72_nV4XbE{/youtube}

10. Колку најмногу можете трудете се да не го отргнете детето од вас, бидејќи тоа може да ги прекине врските и да избега од семејството. Потоа може да се случи поради егоизам да не сака да ви се приближи и така целосно ќе го изгубите.

11. Родителите понекогаш им прават лошо на децата од преголема љубов. Ги гушат со претерано внимание. Тоа е болна работа. Видете, и љубовта сака некоја кочница, некоја мерка….

12. Треба ли да се тепаат децата? Видете, и стравот е некаква кочница и кога детето не разбира го спасува од многу работи. Еве на пример детето се качува на стол не знаејќи што ќе се случи ако падне. Ако добие малку ќотек од мајка му следниот пат ќе подразмисли. Но, кога децата ќе почнат да разбираат треба со благост и смиреност да им го објаснувате она што можат да го разберат.

13. Некои родители многу ги прекоруваат децата и тоа пред другите! Како да имаат некаква маска па зауздана ја водат да оди само напред. Ја држат уздата и велат: „Само ти оди слободно!” Не треба премногу да го навиваме часовникот … Денес и младите и старите на овој свет живеат како во лудница. Затоа е неопходна голема трпеливост и многу молитва. Многу деца денес добиваат мозочен удар. Часовникот е малку расипан, а родителите го навиваат малку премногу, и федерот пука. Потребно е расудување. На едно дете му е потребно повеќе навивање, на друго помалку …

14. Учителите не треба да гледаат само дали учениците добро ја знаат лекцијата, туку да ги земат во предвид и другите добри особини кои ги поседуваат децата, како благочестивост, добрина, срдечност. Божјите оценки не секогаш се во склад со оценките на учителите. Можеби единицата од учителот вреди како петка кај Бога, а петката кое ја добие друго дете од учителот, да вреди како единица кај Бога …

15. Светот стана лудница. Малите деца одат на спиење на полноќ, иако би требало да легнат со заоѓањето на сонцето. Затворени се во повеќеспратни згради во бетон и се вклопуваат во дневниот распоред на возрасните. Што да прават тие деца? Што да прават нивните родители? Децата доаѓаат и ми велат: „Родителите не не разбираат“. Родителите доаѓаат и ми кажуваат: „Децата не не разбираат”. Се создаде јаз помеѓу децата и родителите. За да се надмине тоа, потребно е родителите да ги согледаат работите од перспектива на децата а децата од перспектива на родителите. И ако сега децата не ги почитуваат родителите и нивните деца подоцна нема да ги почитуваат. Бидејќи ако тие денес не ги слушаат и почитуваат своите родители и нив подоцна ќе ги мачат нивните сопствени деца, бидејќи ќе делуваат духовните закони.

{youtube}2ZZ0i1v2E8E{/youtube}

16. Родителите кои не го разбираат значењето на дисциплината оставаат децата да прават што им е по волја, и на крај од нив создаваат параспури. Ти кажеш еден збор, а тој на тебе пет безобразни! Таквите деца можат да станат криминалци. Денешната младина е сосема распуштена. Слобода! „Оставете ги децата на мир!“ А децата велат:„Каде на светот има ваков режим?” Според тоа, настојуваат да се бунат, да не ги слушаат родителите, да не ги слушаат учителите, да не слушаат ништо, да не слушаат никого. Ова им ја олеснува нивната цел. Ако од децата не создаваат бунтовници, како тие деца подоцна ќе ги уништуваат сите системи на вредности?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button