Реклама
Модни совети

Пет совети од најпознатите модни стилисти во светот

Реклама

Познатите девојки кои скоро секогаш изгледаат совршено што се однесува до стилот, имаат една мала тајна, а тоа е дека за нивниот изглед се грижат најреномираните стилисти во светот.

Па, доколку сакате да го следите нивниот стил и да се обидете барем малку да изгледате како некоја од нив (иако наш совет е да бидете посебни!), тогаш треба да ги следите основните правила и совети на стилистите, од кои се обидовме да ги извлечеме најпознатите.

Маркетинг

Мора да ви се допаѓаат високи потпетици

Маркетинг

Колку повисоки потпетици носите, толку повисоки ќе изгледате (што е нормално, нели?). Затоа задолжително најдете високи потпетици кои ќе ви стојат убаво и кои ќе можете да ги носите без потешкотии.

Сокријте ги недостатоците

Доколку не сте задоволни од линијата на вашите нозе, тогаш не носете панталони во светли бои кои ќе го привлекуваат вниманието на нозете или пак мини здолништа. Доколку пак не сакате да го истакнете стомакот, не носете кратки маици!

Купувајте на крајот на сезоната

Некои работи секогаш се ИН, како на пример обична црна маица, волнени панталони и џемпери, па затоа купувајте ги на крајот на сезоната кога се на попуст.

Не штедете

Инвестирајте во црни панталони, бела кошула и црно здолниште. Овие основни парчиња облека можат да изгледаат одлично во најразлични пригоди, затоа е најважно да изберете модели кои се квалитетни и ви стојат совршено.

Следете ги трендовите, но не по секоја цена

Модата не треба слепо да се следи. Доколку облеката која што е ИН не ви стои или не ви е соодветна на годините, тогаш најдобро ќе биде да заборавите на неа.

Еве на пример, трендот кратки маици (crop top) оваа година ќе биде апсолутен хит (повеќе за овој тренд можете да прочитате тука), но доколку сметате дека вашиот стомак не би требало да се најде во центарот на вниманието, тогаш или прескокнете го овој тренд или прво скокнете до теретаната (совети за рамен стомак), па дури потоа обидете се да го следите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button