Реклама
Модни совети

Шест софистицирани и женствени варијанти како да носите шорц оваа сезона

Реклама

Сакате да изгледате секси н и софистицирано во истото време?

Тогаш носете шорц оваа сезона …

Маркетинг

Шорцевите се неодминливо парче за лето, но оваа сезона тие се апсолутен хит, и за разлика од вообичаените кежуал комбинации за прошетка или на плажа во кои се јавуваат, сега тие се дел и од комбинации кои се пософистицирани и елегантни и наменети за сосема различни пригоди. Ова значи дека оваа сезона едноставно морате да имате барем еден пар кратки панталони кои ќе ги искористите во низа различни комбинации за дневна или вечерна шема, прошетка или забава … Следуваат неколку одлични идеи за комбинации кои ќе ви помогнат да изгледате неодоливо и модерно во кратки панталони.

АНТИЛОП

Маркетинг

Cloe

Оваа пролет сите се опседнати со овој материјал, и секако дека тука нема исклучоци кога станува збор за модните парчиња. Погледнете ја оваа комбинација на Клое која може да ви послужи како одличен пример. Луксузниот материјал придонесува вашите шорцеви да изгледаат софистицирано и во нив ќе се чувствувате како да носите здолниште или фустан.

СО ДОЛЖИНА ДО КОЛЕНО

J.Crew

Овој модел е едноставно задолжителен за секоја девојка кога станува збор за долгите топли денови, особено доколку сте приврзаник на лежерниот кежуал стил, а конкретно во ова парче од J. Crew можете да го поминете цело лето.

КОМПЛЕТИ

Diane von Furstenberg

Тејлор Сфифт покажа дека еден ваков тренди комплет може да изгледа навистина одлично. Оваа комбинација е позајмен од Дијана фон Фурстенберг.

ВРЗАНИ И ПРИЛАГОДЕНИ

Chanel

Исто како и долгите панталони, шорцевите изгледаат поконзервативно кога ќе ги врзете и стегнете. Конкретно овој шорц од Шанел може да се носи буквално со сé, од бела кошулапа до маица за преку викенд.

ИЗГЛЕДАЈТЕ КАКО ЏЕКИ КЕНЕДИ

Topshop

Супер краток модел со рамен крој од Топшоп кој изгледа како да носите кошула-фустан. Комбинирајте го со стејтмент парчиња и ќе добиете софистицирана комбинација со која ќе бидете во центарот на вниманието.

ЦРНО СИ Е ЦРНО

Balenciaga

Кога се двоумите што да облечете, одберете црно. Нема ништо што е поразлично, пософистицирано, секси, но и конзервативно во истото време. Погледнете го овој краток кадар изваден од пролетната ревијата на Баленсијага и ќе го видите моделот кој се наоѓа на врвот на нашите желби.

ОТВОРИ ГАЛЕРИЈА »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button