Сораја Вучелиќ по бројните естетски зафати на своето тело се одлучи да извади и еден пар ребра, пишуваат српските медиуми.
По корекција на носот, јаболчиците, повеќекратното зголемување на градите, средување на задникот и зголемување на усните, старлетата се одлучи и засекогаш да се збогува и со две ребра за да има потенка половина, пишува Свет Плус.
Фотографиите кои што самата ги објавува на социјалните мрежи недвосмислено покажуваат голема промена во однос на фотографиите од пред неколку месеци, па и покрај тоа што постојано е во теретана и редовно вежба, некои претпоставуваат дека старлетата новата половина ја нема добиено само со вежбање.
Сепак, нејзината нова фигура може да биде и резултат на строги диети, особено доколку земеме во предвид дека фановите постојано коментираат дека старлетата е преслаба и е на работ на анорексија.
А еве како таа изгледаше пред само шест месеци
Погледнете ги нејзините фотографии од порано и сега, и самите проценете дали Сораја направила операција која во САД е забранета и со закон или пак повторно се посветила на фотошопирање.