Реклама
Престиж

Соработка помеѓу Alfa и Mazda MX-5!

Реклама

Двете познати фирми решија да се здружат на момент и со размена на идеи и планови, секоја фирма да создаде roadster модели кои што ќе се разликуваат како браќа од исти татко, а различна мајка. 

Маркетинг

Alfa Romeo решија да развијат нов модел на познатиот roadster, во конјукција со новиот Mazda MX-5. Во рамките на договорот помеѓу групацијата Fiat и Mazda, двете фирми се решија да развијат два модела со впечатлив стил и препознатливото кабрио – купе со погон на задните тркала. И додека обата автомобила треба да имаат машинерија уникатна за нивниот сопствен бренд, сепак се говори дека и двете коли ќе бидат произведени во фабриката на Mazda во Hiroshima, Јапонија – со тоа што Alfa планира да стартува со продукција во 2015 година.

И секако, после обелоденувањето на овие планови на познатите марки на автомобили, најбосовите на двете фирми си упатија еден куп комплименти на меѓусебна адреса. Takashi Yamanouchi од Mazda изјави дека е „посебно искуство и возбуда да се соработува со така престижна марка како што е Alfa Romeo, на создавањето на нов roadster, базиран на новата генерација MX-5“. Од друга страна пак Sergio Marchionne, големиот ’кахуна‘ во Fiat предвидува големи бенефити и за двете фирми: „Ќе соработуваме со докажан лидер во производството на компактни возила со погон на задните тркала, со цел да испорачаме производ кој што ќе биде возбудлив и стилски импресивен roadster“. 

Маркетинг

Конечниот договор и сојузништво треба да биде официјализирано до крајот на годината. И според наше мислење т.е. надежи, посакуваме да добиеме коли со стил и шмек како што знаат да го направат само Италијаните и Alfa и со ветување дека ќе го има квалитетот на Јапонците кој што ќе гарантира дека нема најдобар пријател да ви стане автомеханичарот!

Доколку сте за мек покрив, тогаш ќе имате нешто во овој стил:

alt

alt

…ако пак сте сепак љубител на тврд, тогаш моделов би требало да наликува отприлика вака:

alt   

alt

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button