Вести

СОПСТВЕНИКОТ НА ОВОЈ „ГОЛФ“ ГО OБРА БОСТАНОТ! Ќе мора да плати дури 200.000: Направил голема грешка

Advertisement

Автомобил „Фолксваген голф“ со хановерски регистерски таблички повеќе од една година е паркиран на паркингот директно пред влезот на зградата на аеродромот во Берлин, пишува „Билд“, кој обезбедува и фотографии.

Возилата обично остануваат овде само кратко: само првите десет минути се бесплатни, а за еден час паркирање треба да платите 23 евра. Со дневен надомест од неверојатни 552 евра, сега се собрани астрономски 200.000 евра за паркирање.

Advertisement

Се поставува прашањето: кој е одговорен за оваа сума и зошто автомобилот се уште е на аеродромот? Можно објаснување е дека автомобилот е украден.

„Берлинер цајтунг“ ја праша полицијата во Хановер во чија надлежност е паркираното возило, но таа одговорност ја префрли на берлинската полиција.

Тие, пак, одговорноста ја префрлаат на фирмата „Stuttgart APCOA Deutschland GmbH“ која стопанисува со паркингот. На прашањето на Берлинер Цајтунг, шефот на паркингот изјавил дека е запознаен со случајот и е во контакт со надлежните органи.

Бидејќи автомобилот не е на јавни патишта, според полицијата, одговорен е аеродромот Берлин-Бранденбург или управителот на паркингот.

Кој е сопственик на автомобилот останува нејасно, како и прашањето кој сега ќе ги сноси последиците. На прашањето дали APCOA ќе може да наплати неподмирени такси за паркирање од над 200.000 евра, компанијата одговори: „Дали ќе може да се наплатат долгови за паркирање зависи од тоа дали должникот може да се идентификува и дали ги има потребните финансиски средства“, пишува „Феникс магазин“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button