Хаските ни се познати по неволјите во кои знаат да западнат и по својата тврдоглава природа. Баш поради таквиот карактер, хаските не се куче за секого.
Многумина нивниот карактер го споредуваат со малите деца. Тие знаат да се налутат, да се инаетат и да терат по свое, без разлика на се’. Карактерот на хаските е толку силен, што повеќе пати ќе размислат дали да го направат она што соптственикот го бара од нив откако совршено ќе ја разберат наредбата. Ако наредбата не им се допаѓа од некоа причина, честопати нема ни да ја извршат.
И хаската во ова видео јасно ја покажува својата тврдоглава и љубоморна страна. Неговиот сопственик се обидува да го гали нивното маче, но нему тоа ни малку не му се допаѓа. Ако сопственикот не го гали него, не смее да го гали ни мачето, а тоа на неговиот сопственик би требало да му биде јасно. Но, сопственикот го прекршува тоа правило. Погледнете како изгледа тоа во видеото кое следува.