Наши ѕвезди

Сопругата на Тоше Зафиров и по две бремености изгледа неверојатно – секое мускулче ѝ се познава!

Тие се во брак 25 години и имаат две прекрасни деца

Advertisement

Оваа жена изгледа неверојатно!

Познатиот бодибилдер Тоше Зафиров веќе со години е во среќен брак со својата сопруга Габриела Зафирова (43) која и официјално е една од најзгодните жени во Македонија.

Advertisement

Габриела е сопруга на нашиот најпознат бодибилдер и мајка на две деца, Блаже и Ангела, но и жена која преку спортот и бодибилдингот на најубав можен начин ја претставува својата земја во светот.

Инстаграм/ Тоше Зафиров

Таа неодамна на Мистер Олимпија Аматер го освои високото петто место иако претходно имаше сериозна операција на рамото и само две недели пред натпреварот беше болна од корона.

Advertisement

Но како некој кој веќе со години му е посветена на спортот и благодарение на редовните тренинзи, Габи изгледа неверојатно.

Инстаграм/ Тоше Зафиров

Посебно кога Тоше ќе сподели некоја заедничка фотографија на која неговата понежна половина носи костим за капење.

Таа е брутално згодна, а на овие фотографии и се познаваат сите мускули, од совршените стомачни, до затегнатата „позадина“ и бицепсите што изгледаат како да се од камен.

Инстаграм/ Тоше Зафиров

Посебно додека тренира изгледа брутално, па нема некој што не го коментира нејзиниот беспрекорен изглед.

Инстаграм/ Тоше Зафиров

Нејзиното тело изгледа како милон долари, па и кога ќе се појават заедно на некој јавен настан, не поминуваат незабележано.

Инстаграм/ Тоше Зафиров

Потсетуваме, Габриела оваа година наполни 43 години, но благодарение на редовните тренинзи, и денес изгледа неверојатно.

Инстаграм/ Тоше Зафиров

И таа како и нејзиниот сопруг е во совршена форма, што може да се види и од нивните заеднички фотографии.

Тоше на Фејсбук често знае да сподели и комплименти на сметка на сопругата и да ја пофали за нејзиниот изглед, но и да потсети дека претставничките на понежниот пол треба да се сакат и почитуваат, посебно кога тие се успешни жени, мајки и нивни сопруги.

Инстаграм/ Тоше Зафиров

Вистинска убавица е и нивната ќерка Ангела која на Мистер Олимпија Аматер го освои златниот медал.

Повеќе за ова прочитајте тука>>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button