Сопругата на Таско се соблече и ги покажа тетоважите – погледнете доле, оваа мама има што да покаже
Ќе се изненадите од цртежите на нејзиното тело...

Весело семејство…
Познатиот репер Христијан Тасковски, попознат како Таско, ужива во семејниот живот со својата сопруга Наташа.
Тој сподели неколку фотографии од нивниот летен одмор на кои се со децата, а внимание привлече и неговата сопруга.
Инстаграм/ Таско
Имено, Таско и неговата понежна половина минатиот септември по втор пат се остварија во улога на родители.
Тие тогаш ја добија ќерката Кирјана и тоа само три месеци откако го прославија првиот роденден на синот Лукијан.
Инстаграм/ Таско
И додека Лукијан на почетокот од ова лето наполни две години, Кирјана наскоро ќе го слави својот прв роденден.
Но токму затоа и сите беа изненадени од ова издание на Наташа која и по две бремености изгледа топ во костим за капење.
Инстаграм/ Таско
Во фокусот беа и нејзините тетоважи, посебно на нозете, па Таско доби бројни коментари и на сметка на изгледот на мама.
Како овој млад брачен пар ужива во родителството, но и како оваа згодна и убава мама со децата му го „украде“ шоуто на својот познат сопруг, погледнете од фотките во продолжение…
Инстаграм/ Таско
Потсетуваме, Таско е во брак со моделот Наташа Неделковска (Таша Реј) која е препознатлива токму по своите тетоважи.
Инстаграм/ Таско
Тие направија свадба во мај 2023 кога Таша беше со стомак до забите, а како изгледаше и како невеста, потсетете се тука.
Инстаграм/ Таско
Инстаграм/ Таско
Инстаграм/ Таско
Инстаграм/ Таско