Сопругата на Стефан Лазаров го „украде“ шоуто зад сцената на Макфест – неодоливо личи на супермоделката Барбара Палвин
Марта и Стефан Лазарови успешно го комбинираат личниот и професионалниот живот.

Марта, младата инфлуенсерка со 67.2K следбеници на Инстаграм, го освои вниманието во бекстејџот на годинешниот Макфест, дојдена да му даде поддршка на сопругот, познатиот македонски водител, музичар, јутубер и поткастер Стефан Лазаров, кој се појави и на сцената.
Со својата препознатлива елеганција, Марта Лазарова блесна во смел стајлинг: транспарентен црн корсет-фустан со горен дел од мрежа што нежно ја нагласува нејзината совршена линија, споен со набори со долниот дел, во длабока црна нијанса.

Модниот изглед е надополнет со предимензионирано сако и бела чанта од Зара. Чевлите и сакото, исто така, носат потпис на популарната хај-стрит модна марка (Зара), додека фустанот е посебен подарок што додава личен печат на изгледот.

Овој стајлинг не е случаен избор. Црната боја во гардероберот ѝ е омилена на убавицата, а тоа често се гледа и на нејзините Инстаграм фотографии, каде редовно блеска во црни модни комбинации на свечени пригоди, секогаш истакнувајќи ја нејзината грациозност.

Родена во 2000 година во Скопје, 25-годишната Марта е во брак со Стефан (роден 1997) веќе две години, по осум години стабилна врска. Двојката успешно го комбинира личниот и професионалниот живот.

Марта монтира и снима видеа за социјалните мрежи, работи на поткастот на Стефан, и тоа сѐ го прави од удобноста на дома.
„Супер функционираме и иднината си ја гледаме преку заедничка работа“, вели таа, додавајќи дека животот им овозможува флексибилност – „Стануваме, работиме, се дружиме, цело време, а и заработувачката оди дома“.
Поради нејзината популарност на социјалните мрежи, Марта често учествува во рекламни кампањи.
Со нејзиниот стил и харизма, лесно би можела да биде и во фокусот на модната сцена. Во краток муабет со неа, нам неодоливо не потсети на супермоделката Барбара Палвин, поранешен ангел на Викторијас сикрет, која ги краси насловните на Вог – крупни малку накосени очи, остри јаболчници, нежно лице и заводлива појава. Без грамче вообразеност, и многу спонтана и природна во комуникацијата.




