Новости

Сопругата на Саша Поповиќ со солзи зборува за нивната последна средба – Го сонувам секој ден

Пејачката зборуваше за нивната последна средба

Advertisement

Ова беше премногу емотивно за неа

Пејачката Сузана Јовановиќ за прв пат се покажа во јавноста по повод големото финале во „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Ова воедно е и прво појавување на Сузана во шоуто по смртта на нејзиниот сопруг Саша Поповиќ.

„Се трудам да бидам добро, го сонувам секој ден. Ова сé е премногу емотивно за мене вечерва и стресно. Се обидувам да бидам на висина на задачата. Да беше покрај мене ќе ми кажеше, ‘Суле, насмевни се бидејќи најмногу ја сакам твојата насмевка’. Се чувствува неговото присуство тука, неговиот дух и енергија. Ќе се чувствува се додека постојат ‘Ѕвездите на Гранд“ за кои даваше не 100 % туку 1000 % од себе. Тој гореше за својата работа и ја сакаше, за луѓето со кои работеше и за овие деца кои ги создаваше 20 години. Многу од тоа ми пренесе и многу научив од него“, раскажа Сузана пред камерите.

Advertisement
Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ

Таа потоа откри дека нејзин фаворит во финалето е Зоки Ферари кого Сале и го оставил во аманет.

„Сале него го запозна во сервис за автомобили во Виена. Го ценам како добар човек и како пејач. Ќе гласам за него“, вели искрено Сузана додавајќи дека не размислува да и се врати на музиката.

Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ

„Можеби Господ има планови за мене, но јас секогаш бев скромна, дури и покрај таков човек. Можеби можев да искористам повеќе, но драго ми е само моите песни да се пеат“, изјави Сузана пред камерите.

Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ

Таа потоа додаде дека се уште ги прави истите работи што ги правеле заедно со нејзиниот сопруг.

Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ

„Имавме наши ритуали. Тој со мене гледаше турски серии, јас со него фудбал и Новак Ѓоковиќ. Тоа не се промени. Се чувствува неговото присуство. Јас сé дома оставив како што тој остави. Не го допрев дури ни оној полуотворен куфер од Париз кој остана тука последниот ден кога дојдовме. Остана нераспакуван. Долго време нема да го поместам. Остана и џемперот што го носеше и јас спијам со него во креветот. Сакам да го почувствувам неговиот мирис. Сале сега би ми замерил што плачам додека го зборува ова. Последната средба беше во болница, покрај неговиот кревет од кој не се оддалечив до последниот здив. Тешко е да гледате човек кој знае дека заминува и кој е свесен дека оди на друг свет“, изјави Сузана додавајќи дека до самиот крај се надевала дека ќе се излечи, но и дека често и доаѓа на сон и секогаш насмеан.

„Тоа ми пружа мир и спокој бидејќи повеќе не се мачи“, вел таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button