Наши ѕвезди

Сопругата на музичарот од ДНК што загина во големата трагедија сподели видео што ги расплака сите

Непребол...

Advertisement

Песна што ќе расплаче многумина…

Сопругата на еден од починатите членови на ДНК се огласи и сподели тажно видео на социјалните мрежи.

Advertisement

Штипскиот гитарист Александар Коларов настапуваше со ДНК и кобната вечер кога пожарот во дискотеката Пулс однесе 59 млади животи.

Тој е еден од загинатите, а во пожарот настрадаа уште седум музичари од бендот меѓу кои и еден од фронтмените, Андреј Ѓорѓиески.

Advertisement
Фејсбук/ Маја Крстевска

Во пожарот настрада и штипскиот музичар Филип Стевановски, кој не беше само пријател и колега со Коларов, туку тие беа и баџанаци.

Имено Александар и Филип беа оженети со две сестри, Маја Крстевска од Штип, која е професорка, и Ирена Крстевска Стевановска, која исто така е дел од музичкиот свет и беше вокалистка во бендот на сопругот.

Фејсбук/ Маја Крстевска

По страшната несреќа Маја се огласи на социјалните мрежи и сподели неколку фотографии од нејзиниот сопруг и сопругот на нејзината сестра. Таа тогаш сподели и трогателна порака во која им се обрти и на двајцата и во која ги опиша како „ангели на земјата, ангели и на небото“.

По овие пораки Маја сподели и неколку заеднички фотографии со кои ја искажа својата љубов, но и преголема болка што ја чувствува по заминувањето на нејзиниот сопруг, а која не се опишува со зборови.

Фејсбук/ Маја Крстевска

На една фотографија од пред три години која што Маја сега ја реобјави, таа е со саканиот и на неа пишуваше „Пролет ни е“.

Но Маја сега ја сподели истата фотографија, а во описот ја означи само со два збора, но кои кажуваат многу.

„Најстудената пролет“ напиша Маја сега, во својата реобјава.

Таа потоа сподели и едно видео на кое нејзината сестра пее заедно со нејзиниот сопруг Филип, а кое беше објавено пред пет години.

И како што тогаш на Фејсбук страницата Штипска идила беше опишано ова видео, овие неколку збора како да се напишани сега.

Еве и што пишува во описот на видеото, а како звучеа Ирена и Филип заедно, слушнете во продолжение…

„А, зборовите, утепуват. Трипати е слуша, утепа се плакајќи. Ирена и Филип Стевановски, пеат за сите мајки“, стои во објавата од 2020 година, напишана на штипски дијалект.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button