Стил

Сопругата на Мицкоски носеше фустанче и капут во кои изгледаше и моќно и привлечно во исто време

Во прашање е фустан во боја што ја избираме кога сакаме да изгледаме класично, но и примамливо во исто време...

Advertisement

Моќно и впечатливо издание

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, ги изненади дамите со едно од своите последни изданија.

Advertisement

Рози заедно со градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и пратеничката Жаклина Пешевска, беше во предновогодишна посета во Клубот за деца со церебрална парализа во Расадник. Фотографии од нивната посета сподели градоначалничката на својот Фејсбук профил, а вниманието го украде Рози со своето елегантно модно издание.

Фејсбук/ Бети Стаменкоска Трајкоска

Имено, тие во претпразнична атмосфера се дружеа со децата кои добија и новогодишни пакетчиња, истакнувајќи ја важноста за поддршка на овие семејства кои се соочуваат со овие предизвици.

За оваа пригода сопругата на премиерот избра суптилен фустан во темно црвена нијанса и со должина до под колена.

Фејсбук/ Бети Стаменкоска Трајкоска

Едноставниот крој имаше благи набори околу половината кој создаваше визуелен впечаток на ремен, а ракавите беа со ¾ должина.

Фејсбук/ Бети Стаменкоска Трајкоска

Рози фустанот го носеше во комбинација со високи потпетици во беж нијанса и капут во речиси истата боја.

Фејсбук/ Бети Стаменкоска Трајкоска

Како изгледаше ова предновогодишно издание на сопругата на премиерот погледнете од фотографиите…

Фејсбук/ Бети Стаменкоска Трајкоска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button