Наши ѕвездиНовости

Сопругата на Халид скршена од преголема болка – беше хоспитализирана во истата болница

Веста за смртта на Халид Бешлиќ ги потресе неговите обожаватели ширум регионот, а најмногу семејството на пејачот.

Advertisement

Нивниот брак беше полн со почит и љубов, а Халид многупати јавно зборуваше дека најголема поддршка има од сопругата.

Тажната вест за смртта на пејачот Халид Бешлиќ го растажи регионот, бидејќи тој беше почитуван и ценет во цела поранешна Југославија.

Advertisement

Почина во 72. година од животот во Сараево, а неговата смрт најмногу ја погоди неговата сопруга Сејда Бешлиќ.

Принтскрин/ Јутуб

Како што пренесуваат медиумите, Сејда кога ја слушнала лошата вест, само тивко изустила: „Ете ме и мене брзо кај тебе, стари мој“.

Advertisement

Сејда и Халид со децении живееја во складен брак полн со почит и љубов, а како што пишуваат медиумите, Сејда тешко ја поднела смртта на својот животен сопатник, објави српскиот Мондо.

Принтскрин/ Јутуб

Според блиски пријатели на семејството, на сопругата и е најтешко, а потресна е и информацијата дека и таа била хоспитализирана до неодамна, и тоа во истата болница, во соба веднаш покрај неговата.

Халид цели четири децении е дел од естрадата, а исто толку беше и со неговата сопруга Сејди со која има еден син Дино.

Принтскрин/ Јутуб

Тие се запознале во една кафеана, а интересно е што уште тогаш Халид и кажал во шега дека ќе ја ожени, што на крај и се случи.

Принтскрин/ Јутуб

„Не ја запознав сопругата на настап. Во кафуле каде што настапував, на влезот во Сараево… Тука работеше мојата снаа, беше готвачка и ме запозна со жената. Не излегуваше по кафани. Кога се запознавме, видов дека тоа е тоа, се забавувавме половина година и веднаш потоа се венчавме. Толку години сме заедно и сè уште сме. Имаше тешки години во нашата врска, но сè надминавме…“

„Кога бевме помлади, тоа беше некако нормално“ изјави Халид во една пригода за неговата сопруга за медиумите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button