Наши ѕвезди

Сопругата на Габриел Бајрам во гламурозно издание – и кралиците обожаваат да носат ваков детаљ

Вчера се одржа традиционалниот Ромски бал на кој се промовира ромската култура и традиција.

Advertisement

Домаќинката и сопруга на организаторот на балот Габриел Бајрам, Ана Бајрам, ги изненади сите со својот стил.

Оваа гламурозна дама на Светскиот ромски бал блесна во раскошна црна тоалета со која никого не остави рамнодушен.

Advertisement

Имено, вчера во хотелот Александар Палас беше одржан 45-от Светски ромски бал на кој се појавија многу познати личности.

Инстаграм/ Ана Бајрам

Балот беше во организација на Габриел Бајрам, синот на починатиот македонски политичар Амди Бајрам, а неговата сопруга Ана Бајрам, како домаќинка на настанот, ги изненади сите со својот стил.

Advertisement

Таа за оваа пригода избра раскошна црна тоалета во која блескаше од глава до пети пред претставниците на седмата сила.

Инстаграм/ Ана Бајрам

Облечена во црно Ана изгледаше мошне впечатливо, а со креацијата што ја носеше и со фасцинторот на главата изгледаше светски.

Инстаграм/ Ана Бајрам

Покрај Ана и останатите дами се потрудија на балот да изгледаат како холивудски ѕвезди, а некои од нив погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Ана Бајрам

На настанот се појавија и врвни музички имиња од регионот, а главни ѕвезди беа Теа Таировиќ и Мухарем Сербезовски.

Зад кулоарите се шушка дека сумата за организацијата преминала преку половина милион евра, впрочем што и не чуди бидејќи станува збор за еден од најраскошните и најгламурозните ромски традиционални манифестации во цела Европа.

Инстаграм/ Ана Бајрам

Теа Таировиќ беше специјална гостинка на настанот која им направи одлична забава на повеќе од 1000 гости.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Посебен момент беше и традиционалниот избор на најубава Ромка, а оваа година учествуваа Ромки од пет европски земји, додека најубавата ја очекува богат награден фонд.

Манифестацијата има цел зачувување и промоција на богатата ромска културно наследство истовремено поттикнувајќи интеркултурен дијалог и разбирање помеѓу народите на Балканот.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

На настанот учесниците имаа прилика да ги престават најразличните музички стилови, танцови и обичаи, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инстаграм/ Ана Бајрам

Инстаграм/ Ана Бајрам

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button