Тој со неа се венчаше пред неколку децении.
Од неа ги доби ќерките Марија и Ана и со неа стана позната музичка ѕвезда. Неговите успеси се случија по тешкото детство и растење во дом, а кога на почетокот на кариерата се појави со неговата сопруга на сите им изгледаа како совршен пар. Но Нада ќе го остави Џеј поради алкохол и неверство, а тоа познатиот пејач кој ги има испеано „најискрените“ песни на балканската естрада, не го крие и отворено признава дека пороците и аферите се причината поради која неговата кралица и жена на животот го оставиле.
Сепак, тие и покрај тоа што не се заедно, се уште одржуваат контакти, а она што се уште ги одржува заедно се нивните ќерки, но и љубовта која се уште постои меѓу нив.
„Нада е мојата најдобра жена на светот, таа е мајка на моите деца, треба да биде прогласена за народен херој поради тоа што толку издржа со мене“, изјави познатиот пејач во интервју за „Hello“ во 2012.