Реклама
Стил

Сопругата на Бетмен во издание совршено за млади мајки – водителката Анастасија никогаш поубава (фото)

Практичен и модерен фустан, совршен за млади мајки

Реклама

Млада дама која зрачи со својата убавина

Нашата преубава водителка Анастасија Илиевска важи за една од најелегантните и најубавите дами на нашата јавна сцена.

Водителката оваа своја титула ја оправдува со секоја своја фотографија што ќе ја сподели на социјалните мрежи, тоа го направи и неодамна кога сподели шик комбинација по кои е препознатлива.

Маркетинг

Впрочем под секое свое издание Анастасија добива комплименти и голем број лајкови, а така беше случајот и сега.

Маркетинг
Инстаграм/ Анастасија Илиевска

Имено, Анастасија отсекогаш важела за една од најубаво облечените дами меѓу нашите јавни личности, а нејзиниот префинет стил отсекогаш привлекувал внимание.

Инстаграм/ Анастасија Илиевска

Посебно откако се оствари во улога на мајка, па нејзините стајлинзи стана уште поинтересни за многу наши дами.

Што се однесува конкретно до ова издание на Илиевска (моминско Богдановска), тоа зрачи со префинетост и елеганција.

Инстаграм/ Анастасија Илиевска

Шармантната водителка блескаше во фустанот во беж нијанса и со едноставни линии, но трикот е во деталите.

Имено, Анастасија целото издание го заокружи со тегет сако и интересно ременче, но и рамни кондури со кои ги разби целото издание.

Станува збор за мокасини со интересен цветен дезен и златни алки кои пак совршено се вклопија со ременот, но накитот.

Не треба да ги заборавиме и очилата за сонце кои исто така имаа златни детали, а со кои водителката дополнително го зачини ова свое беспрекорно есенско издание кое заслужува чиста 10-ка. Во продолжение погледнете уште неколку интересни комбинации на оваа наша позната мама, но не заборавајте и да ни пишете во коментарите како вие би комбинирале фустан сличен на нејзиниот?

Во продолжение погледнете уште неколку интересни модни комбинации на оваа наша позната дама…

Инстаграм/ Анастасија Илиевска

Инстаграм/ Анастасија Илиевска

Инстаграм/ Анастасија Илиевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button