NEWSВести

Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивно видео од него и ќеркичката, тој вели: „Мафни ѝ со рака на мама“

Advertisement

Наталија Ѓорѓиеска сопругата на прерано починатиот Андреј од ДНК сподели видео од кобната ноќ од дискотеката „Пулс“. На снимките се гледа како публиката се забавува со популарниот бенд, а по избувнувањето на пожарот, присутните се обидуваат да избегаат од огнените јазици.

На краткото видео Андреј е на жичара со ќеркичката Јана. Тој ѝ вели „Мавни ѝ на мама“, слаткото девојче плашливо коментира „Многу е страшно“, а тој низ насмевка ја теши „Не е страшно“.

Advertisement

Првата снимка оригинално е објавена од Здружението на граѓани „16ти Март 2025 Кочани“, кое апелира сите да им се придружат на родителите на жртвите на мирниот собир за правично судење.

„Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство во име на оние што повеќе не можат да чекорат“ – се вели во нивниот повик.

30-тиот „Марш на ангелите“ ќе се одржи на 15 ноември (сабота) од 12:05 часот на плоштад Македонија.

На само три дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ најавија голем граѓански марш за правда, што ќе се одржи на 15 ноември во Скопје, со почеток во 12 часот и 5 минути.

Маршот треба започне од Плоштад Македонија, ќе продолжи пред Собранието, а ќе заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што родителите ќе побараат институциите конечно да превземат одговорност и да обезбедат правда за нивните деца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button