Огласи
Наши ѕвезди

Сопругата го однесе Спасен на вечера, пејачот никогаш посреќен – блеска од љубов покрај неа

Еве каков е Спасен во приватниот живот

advertisement
advert

Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски ужива во бракот со својата сакана Ана која е вистинска убавица.

На социјалните мрежи испливаа неколку снимки од кои може да видиме како Спасен се забавува во една кафеана со својата понежна половина. Пејачот ги изненади гостите што во исто време беа на истото место, а многумина велат за неговата сопруга дека е вистинска убавица.

Спасен кој на својата публика секогаш знае како да им пренесе чиста емоција, овој пат покажа како се забавува приватно.

реклама

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Тие и двајцата беа расположени, а Ана привлече внимание и со својот стил со кој потсетуваше на холивудските диви.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Марpкетинг

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Потсетуваме, Спасен и Ана пред десетина години се заколнаа на вечна љубов, а круна на нивната љубов се нивните деца, Мила и Арсениј.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Пејачот многу пати досега истакнувал дека најголема поддршка во животот добива токму од неговите најблиски, а тоа може да се види и од објавите на неговите профили на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

И под секое од овие свои изданија, Спасен добива голем број коментари и лајкови, а многумина го почитуваат токму заради тоа што и покрај популарноста, тој остана скромен и потполно нормален, без воопшт0 да се промени и покрај славата што ја поседува,

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

„Без разлика  кое ниво на популарност сум го достигнал или ќе го достигнам, јас сум Спасен Силјановски обичен човек, нормален човек, човек со народот. Не се сметам за екстра популарен ниту сакам да ме нарекуваат ѕвезда. Во Македонија нема простор да се правите ѕвезди. Ние имаме малку консументи на македонска народна фолк музика, сите се знаеме, се гледаме по настапи. Човек со сила да се прави ѕвезда и да лета во облаци не е добро без разлика на моменталната ситуација и моменталната популарност, секој треба да остане присебен и достоен изведувач“, истакна Спасен за Гламур во една пригода.

epp
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button