Станува збор за прототип, па така не му е позната ни цената, ни датумот, па дури ни годината која треба и официјално да излезе…
На саемот за електроника во Лас Вегас, јапонската компанија за електронски помагала Sony го претстави првиот телевизор на светот кој ги комбинира технологиите 4K и OLED. Станува збор за прототип, па не му е позната ни цената, ни датумот, па дури ни годината која треба и официјално да излезе…
Еден мал парадокс и анегдота која се случи е дека телевизорот кој на конференцијата за медиуми беше претставен од страна на главниот извршен директор на Сони, Казуо Хира, на сред презентација ја изгуби сликата, на чие место се појави плава позадина.
Екранот е со големина од 56 инча, што е нешто помалку од големината на екранот со 4К, т.е. Ultra HD резолуција, но сепак е голем како и најголемиот OLED екран. Во Sony соработувале со AU Optronicsom, како би постигнале толку голем број на пиксели да ги собере на така мала површина.