Често го сонувате бившиот? Не сте единствени, а еве и што означува тоа
Ако вашето бившо момче редовно ве посетува во сонот, не грижете се, не сте единствени, трврди една американска психотерапевтка.

Еве зошто би можело да се случува ова.
Тагувате поради раскинувањето
Дури и кога сте среќни поради раскинувањето, можно е потствесно да тагувате.
Поради трауми од минатото
Ако постои некој нерешен проблем во вашиот живот, можно е да ве прати и во сонот, а ако е поврзан и со бившиот дечко, тогаш најверојатно затоа и честопати го сонувате.
Ги повторувате лекциите од претходната врска
После раскинувањето стануваме свесни за работите кои не’ довеле до тоа и можно е да го сонувате бившиот дечко за самите да си ги повторувате лекциите кои сте ги научиле од минатото.
Нешто ви недостига во новата врска
Дури и ако мислете дека сте среќни и заљубени, можно е во новата врска потсвесно да ви недостасува нешто што сте имале во старата, па затоа го сонувате бившиот.
Едноставно не сте го преболиле бившиот
И тоа е можно, дури и да не сте свесни за ова.