Парите во сонот може да означуваат финансиски добивки, но може да биде знак и на духовно богатство, љубов, моќ и мудрост.
Сонување дека добивате пари
Ако сонувате дека добивате пари или освојувате на лотарија, сонот може да се поврзе со чувство на моќ, сила и напредок кој чувствувате дека доаѓа во вашиот живот. АКо во сон видите пари, тие може да означуваат дека успехот и парите ви се на дофат.
Сонување дека сте нашле пари
Ако во сон изненадно најдете пари, сонот укажува на тоа дека немате причина за грижа за ништо во својот живот моментално. Сонот е најверојатно знак дека и вашиот живот наскоро ќе се подобри.
Сонување дека крадете пари
Ако сонувате дека крадете пари, сонот може да биде знак дека сте во опасност и дека треба да бидете внимателни. Сонот исто така може да означува дека ви недостига љубов. Можеби очајно ви е потребно да бидете прифатени.
Сонување дека губите пари
Сонувањето дека губите пари не е добар знак и може да ви најавува проблеми. Проблемите најверојатно се поврзуваат за куќата и може да бидат причина за нарушување на хармонијата во домот. Исто така овој сон може да најавува и проблеми на работното место.
Сонување дека позајмувате пари
Ако во сон позајмувате пари од некого, тоа може да биде знак дека вашата околина очекува многу од вас. Тоа можеби ви претставува притисок, затоа што тоа очекување не е во склоп со вашите реални можности.