Оваа диета го добила името според регионот Сонома во Калифорнија позната по храна со одличен вкус што созрева на топлото калифорниско сонце.
Диетата се темели на типичната калифорниска прехрана, која што е верзија на медитеранската храна и која што се темели на зеленчук, овошје, житарици, јаткасти плодови и семки, маслиново масло, не многу мрсно месо, риба и вино.
И не заборавајте – ова е диета за вистински гурмани!
ПРВА ФАЗА
Првата фаза трае 10 дена. За време на овој период треба да се збогувате од лошата навика да јадете калорична храна. Допуштено ви е да јадете зеленчук, морски плодови, месо кое што не е мрсно, потоа маслиново масло, а во ограничени количини смеете да јадете млечни производи, некои житарки, јаткасти плодови, кафе и чај. Зачини можете да користите во неограничени количини.
Инаку, оваа фаза е најекстремна бидејќи јадете нискокалорична храна. Бидејќи 10 дена не треба да јадете овошје, се препорачува да земете дополнителни количини на витамини. Во ваа фаза можете да изгубите од 1.5 до 2.5 килограми.
Важно: Во оваа фаза е најважно да се откажете од лошата храна, како што се големите количини на леб, газирани и негазирани шеќерни пијалоци, потоа разни грицки и сета друга храна која што е многу калорична.
ВТОРА ФАЗА
Во Сонома диетата втората фаза е најважна бидејќи се однесува на периодот се додека не се постигне посакуваната телесна маса. Губитокот на килограмите е поспор отколку во првата фаза, но затоа е континуиран, т.е. сигурни сме дека изгубените килограми нема да се вратат.
За време од една недела можете да изгубите до еден килограм со што, доколку оваа диета ја практикувате правилно, резултатите ќе бидат долготрајни и постојани.
Што се однесува до храната, се јаде исто како и во првата фаза, со тоа што во ова фаза можете да јадете и овошје. Дозволено ви е да испиете и малку вино, парче црно чоколадо, мед и благи работи кои не содржат шеќер. Вкусно, нели?
Важно: Во оваа фаза не смеете да се откажете!
ТРЕТА ФАЗА
Третата фаза е фаза на одржување, а се почнува откако ќе ја достигнете посакуваната тежина. За време на оваа фаза здравиот начин на исхрана треба да ви стане навика, се јаде многу овошје и зеленчук, а одвреме-навреме ви се дозволени и мали „гревови“ во облик на грицки и десерти.
Особена важност се става на комбинирањето на одредена храна со квалитетно вино. Поради позитивното влијание на виното врз зрдавјето на кардиоваскуларниот систем, авторката на оваа диета смета дека виното треба секојдневно да се конзумира, но само во умерени количини.
Во оваа фаза најважно е да не се полакомите и повторно да се вртите на старите навики поврзани со калоричната храната. Во моментите на слабост, секогаш добро размислете какосе чувствувавте пред да ја започнете диетата.
НАПОМЕНА
Некои диети како формули за слабеење можат да бидат многу штетни за организмот. Не препорачуваме да користите ниту една диета доколку претходно не сте се консултирале со доктор. Диетите ги пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за неуспехот од истите, нејзините штетни влијание по здравјето, како ниту за некои други последици кои можат да се предизвикаат со нејзината примена. За држање на оваа или било која друга диета од нашиот портал, одговорноста е ваша и само ваша!