Новости

Соња ја продала вилата на Лукас на својот љубовник – пејачот шокиран кој му ја купил куќата без да го праша!

По разводот, вилата што ја препиша фолкерот на поранешната сопруга заврши кај поранешниот кошаркар. „Таа е куќата на моето дете, а ти си стар пријател!"

Advertisement

Скандалот околу разводот на фолкерот Аца Лукас и Соња Вуксановиќ, никогаш не престанува да изненадува! По години тајни обвинувања за прељуба и семејни драми, сега се открива дека Соња ја продала луксузната вила од скоро милион евра на никој друг туку на Марко Јариќ, поранешниот кошаркар со кого, според Лукас, таа го изневерила за време на бракот.

принтскрин инстаграм

Во подкастот на Боки 13, неодамна, Лукас откри дека по разводот целосно ѝ ја препишал вилата на Соња вредна околу 750.000 евра според проценките од медиумите, за да има каде да живее нивната ќерка.

Advertisement

„Кога се разведов, им ја оставив куќата. Конечно, таму живее моето дете. Куќа што вреди скоро милион евра! Јас останав во стан„, започна Лукас, додавајќи:

„Сè потпишав, нема што… Јас сум таков човек. Тоа повеќе не беше моја куќа, туку на мојата жена, и таа може да ја продаде кому сака, да прави што сака со неа. Таа имаше свои планови, јас немам ништо против. Меѓутоа, се случи друга работа. Таа ја продаде куќата и купи стан! Таа ми рече дека ќе ја продаде куќата и ќе купи стан… Ѝ реков ок, ако така ви одговара… Но, кој ја купува куќата? Марко! Да, Марко!“ – искрено зборува Аца Лукса.

Соња, поранешната сопруга на Аца Лукас, фото инстаграм

Оваа вест не е нова сензација зашто Лукас уште во автобиографијата „Ово сам ја” од 2021 година навестуваше за „неверството“ на Соња со мистериозен кошаркар од „Мajами”, што медиумите веднаш го поврзаа со Марко Јариќ, поранешната ѕвезда на НБА и поранешен сопруг на супермоделката Адриана Лима.

Разводот во 2018 беше жесток, во српските медиуми имаше обвинувања за насилство, отворени писма и судски битки, а сега, седум години подоцна, приказната добива нов зачин. Соња, која неодамна се огласи за српски Блиц, одби да коментира: „Тој веќе 10 години ме извлекува со некои приказни, но тоа е за мене далечно минато и глупост. Не би коментирала ништо од она што го кажа, како ни досега” – рече таа со насмевка, фокусирајќи се на новиот луксузен живот со ќерката.

фото инстаграм

Инаку, луксузната вила на Бежаниска коса, околу која сега се крена прашина, е вистинско ремек-дело: мермерни подови, стилизиран мебел, уметнички дела и градина со базен, сè што фолкерот го градел со години. Иако Лукас инсистира дека не му смета што Јариќ ја купил куќата, поентата ја гледа во етиката:

„Е сега, што е поентата на приказната? Не е поентата што тој ја купи куќата, туку ако се знаеме сто години, а се знаеме, ред е да дојдеш и да кажеш: „Еј, преговарам со твојата поранешна жена да ја купам куќата“. Тоа е!” – заклучи Лукас во подкастот, мислејќи на Јариќ, со кого споделува многу познанства од џет сетот.

Обожателите на Лукас, за кој и натаму се бара карта повеќе на концертите низ регионот, веќе коментираат на социјалните мрежи: „Аца е џентлмен, но овој пат претераа!”. Сè уште нема реакција од Јариќ, кој откако се пензионира од кошарката, живее дискретно во Србија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button