Реклама
BEAUTYНега и здравје

Сок од калинка – чаша полна здравје

Реклама

Сезоната на настинки доаѓа, па затоа, редно време е да го зајакнете својот имунитет. За таа цел, покрај другите намирници, одличен избор за вашата трпеза е и калинката.

Единствено калинката содржи т.н. пуникалагини, силни антиоксидативни состојки, кои не само што го намалуваат холестеролот, туку го намалуваат и високиот крвен притисок. Исто така овие пуникалагини се покажале ефективни во намалување на ризикот од зачепување на крвните садови, што можеби ја прави чашата сок од калинка супериорна над чашата вино.

Маркетинг

Инаку калинката не само што се јаде како свежо овошје, туку одлично оди и со солени јадења и месо или во салата, а претставува одличен партнер за храна која изобилува со железо заради високата содржина на Ц витамин, па ќе ви направи услуга така што ќе апсорбирате најголем дел од железото во оброкот.

Калинката е богата и со витамин К, значаен за коските и коагулацијата на крвта, како и фолна киселина, која е витална за правилен развој на плодот.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button