Доматите се една од супернамирниците кои сите ги сакаме, а притоа се и многу здрави.
А ако во исхраната вметнете и сок од домати, шансите за намалување на килажата, а најпрво за масните наслаги на стомакот, значително ви се зголемени. Лекарите велат дека моќта од овој сок е доволно голема за да го зголеми дејството на диетата.
Ова е идеален природен пијалак кој служи за детоксикација на организмот, а освен тоа, го поттикнува варењето и го спречува задржувањето на вода во организмот, што често е најголем проблем кај луѓето кои мачат мака со вишокот килограми. Не содржи многу калории, а има способност и да ве држи сити и до неколку часа. Со пиење на овој вкусен сок во себе внесувате здравје, што е многу подобро отколку да користите какви било други средства за слабеење.