Софија Вергара – Ни во лудило не би носеле високи потпетици со овие панталони како што ги „фура“ убавата Колумбијка
Познатата актерка Софија Вергара реши да посети една позната продавница во Лос Анџелес со скап накит.
Не е познато што 46-годишната Колумбијка купи од таму, но со оглед на фактот дека седма година по ред е меѓу најплатените ТВ актерки во САД, со заработка поголема од 42 милиони американски долари само во 2018 година – сигурни сме дека не штедела и дека си го купила она што и се допаднало. можела да си дозволи што и да посака.
Но она со што убавата актерка го освои нашето внимание овој пат е нејзината „необична“ комбинација со која беше во шопинг, во која изгледаше максимално лежерно, со исклучок на вртоглаво високите потпетици. Имено, Софија за оваа пригода беше облечена во обична, зелена блуза и војнички панталони, а од обувки избра шик розови сандали со платформа и високи блок потпетици.
Оние кои во деведесеттите години од минатиот век први го започнаа трендот со таканаречената војничка облека, сигурно ќе се сетат дека во тоа време беше незамисливо да се носат вакви панталони со штикли. Наместо сандали, носевме патики, „мартинки“ или војнички чизми.
Па, дали некогаш сте носеле вакви панталони?
Денес дури и на модните писти на ревиите на познатите брендови често можеме да видиме како „фураат“ војнички дезени со шик сандали со високи потпетици.
Погледнете како и другите дами носат вакви панталони:
Ким Кардашијан
Пријанка Чопра
Хејли Болдвин