Синот на најплатената телевизиска актерка тргна по стапките на мајка си.
Маноло Гонзалез Вергара е ѕвезда од серијата Guilty Party која оваа недела во Холивуд го прослави започнувањето на втората сезона, а младиот актер на премиерата стигна во придружба на својата славна мајка, Софија.
Згодниот 26-годишник е копија на неговата прекрасна мајка, а иако меѓу нив разликата е околу 20 години, кога стојат еден до друг тие изгледаат како врсници. Освен изгледот и актерскиот талент, очигледно Маноло од Софија ја наследи и смислата за мода. На премиерата на серијата се појави во прилично лежерно издание со обична бела маица, кожна јакна, црни панталони и лесно „залижена“ коса, а изгледаше како вистински фраер.
Софија не сакаше да го засенува, па облече црн фустан и ненападни штикли, но атрактивната Колумбијка уште еднаш потврди дека не треба секогаш многу да се трудите за да привлечете погледи!