Иако на пазарот постојат огромен број производи за борба со целулитот, според дерматолозите, има еден природен лек што е поефикасен од сè што можете да купите.
Станува збор за смеса од две состојки што сите ги имаме во нашиот дом – сода бикарбона и мед! Едноставно измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица мед, додајте малку вода и ставете ги на оган да зовријат.
Откако ќе почне да врие, варете ја смесата 2 до 3 минути, па оставете ја на кратко да се олади (не целосно) и додека е уште млака, масирајте го со неа оној дел од телото каде што имате целулит. Масирајте околу 3 минути, а потоа измијте се со топла вода. На проблематичните делови нанесете чист мед, па масирајте уште 4 до 7 минути.
Кокосово масло – вашиот најдобар пријател во текот на летната сезона >>
Според експертите, како и жените што веќе го пробале овој рецепт, тоа е најдобриот начин да се ослободите од целулитот и дупките на кожата што прават таа да изгледа рапаво. Масажата со мед ќе ја подобри циркулацијата на крвта, ќе ги намали наслагите со целулит, без притоа да внесувате хемикалии и токсини во вашето тело.
Совет: Не смеете да претерувате со употребата на оваа смеса, особено не со силно притискање за време на масажата бидејќи можете да си ги испукате капиларите.