Реклама
MAMAДом и семејство

Сода бикарбона во градината – спас за вашите билки

Реклама

Ако ја применувате на вистинскиот начин, сода бикарбоната може да биде вистински спас за вашите билки.

ФОТО: aarp.org

Најверојатно во вашиот дом имате неколку кесички сода бикарбона кои заземаат простор и на кои сигурно сте заборавиле. Ова бело богатство не смее да стои неискористено. Содата бикарбона со векови се користи како помош при чистење на куќата, дезинфекција, како прва помош за убавина и здравје, но, дали сте знаеле дека може да се користи и како помош за вашата градина?

Содата можете да ја користите наместо пестициди. За да ги уништите штетниците, содата е 100 пати поефикасна и подобра од пестицидите. Можете да направите органски спреј за пестициди кој може да ги убие инсектите кои ги оштетуваат билките, а притоа да не им наштетете на корисните инсекти, нам и на нашата планета. Измешајте една лажичка сода бикарбона, една третина чаша маслиново масло и една чаша вода. Добро измешајте ја оваа комбинација, така што содата добро ќе се раствори. Потоа ставете ја смесата во распрскувач и испрскајте ги билките.

Маркетинг

Ако имате проблем со мравите, можете да ги уништите на нивниот извор и тоа со комбинација од сода бикарбона, шеќер и оцет. Едноставно додајте пет лажички шеќер во прав во еден сад и измешајте со сода бикарбона. не користите кристален шеќер, туку исклучиво во прав, затоа што мравите се доволно паметни да ги раздвојат зрната сода бикарбона од шеќерот. Кога ќе јадат сода помешана со шеќер, тоа ќе ги уништи.

За да бидете сигурни дека сте ги убиле сите мрави, земете јаболков оцет во распрскувач, па испрскајте го патот на мравите. Тоа сигурно ќе ги убие затоа што оцетот содржи фунгицид кој е смртоносен за мравите.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button