Ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на нив – „Трансверзалец“ конечно изрази сочувство за загинатите планинари!
Планинарскиот кулб „Трансверзалец“ изрази сочувство за загинатите планинари и објави дека доставиле информации до надлежните институции.
Тие објавија и дека утре ќе дадат изјава за медиуми. „Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочувство за прерано изгубените животи . Тие беа дел од нашата заедница и клубот и ќе им недостасуваат на сите членови и планинари. Уште еднаш искрено сочувство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции. Почивајте во мир другари“, објави „Трансверзалец“ на нивниот Фејсбук профил.
Инаку, пред нивното огласување во медиумите беше објавено писмото од роднините на загинатите планинари кои бараа одговорност за нивната смрт. Тие меѓу другото напишаа и дека никој од планинарскиот клуб „Трансвезалец“ не побарал јавно извинување „или барем некаков израз на сочувство за прерано трагично изгубените животи“.
Целото писмо можете да го прочитате тука >>