СОЧУВАЈТЕ ГО БРОНЗЕНИОТ ТЕН: Мали трикови со чија помош подолго ќе ја задржите бронзената боја
2 Ѓумбир
По само неколку недели од употребата на ѓумбир, тоа ќе ја намали оштетеноста на кожата предизвикана од прекумерното изложување на сонце. Тоа, исто така ќе ги измазни брчките, а неговиот смирувачки ефект е погоден за сите типови кожа.
3. Црвено овошје и зеленчук
Морковите, црвените јаболка и зрнестите плодови се богати со каротеноиди, кои се, заедно со меланинот, одговорни за потемнување на кожата. Морковите ќе ù обезбедат на вашата кожа убава боја, но, исто така, и свиленкасто чувство. Јаболката и зрнестите плодови се богати со витамин Ц, кој е важен за производство на колаген.
Црвената пиперка е богата со витамин А, а доматите – со ликопен, заштитникот од УВ зраците. За детоксикација и хидратација на кожата ќе придонесе и цвекло.
Премини на следната страна >>