MAMAРецепти

Сочни, миризливи, крцкави, со готови кори – баничките на Зорка ќе исчезнат за миг, вакво нешто не сте јаделе

Традиционална тиквешка баничка што се прави лесно и брзо, а исчезнуваат од масата за миг. Рецептот ни го носи феноменалната домаќинка Зорка Јанчева.

Advertisement

Кога Зорка Јанчeва од Тиквешијата ќе сподели рецепт, на многумина веднаш им мириса на топол дом, на традиција и на оние едноставни, а неверојатно вкусни, јадења што ги враќаат спомените во детството. Така е и со нејзините банички со спанаќ, урда и праз (оние што постат, можат да ја исклучат урдата) – сочни, богати со вкус и толку меки што веднаш го разубавуваат денот.

Рецептот е едноставен, без компликации и баш по мерка на секоја домаќинка што сака брзо, а вкусно.

Advertisement
фото Фејсбук/Зорка Јанчева

Надобро од сè? Се прават со готови кори, но со мал трик што им дава домашна текстура и сочност.

Рецептот на Зорка

За подготовка потребни се околу 500 g готови кори, 100 мл масло, како и мешавина направена од 250 мл кисела вода, 2 лажици брашно, 1 лажиче прашок за печиво и малку сол по вкус. Корите се редат по три – првата се премачкува со масло, втората и третата со смесата од кисела вода, а на крај се става филот од спанаќ, урда и праз (за оние што постат, може да се прават без урда). Се виткаат ролнички, се сечат, се премачкуваат со остатокот од маслото и се печат околу 30 минути на 200°C.

фото Фејсбук/Зорка Јанчева
фото Фејсбук/Зорка Јанчева

„Имајте ми убав ден, бидете ми ми здрави и весели, и гответе со срце“, ни порачува Зорка.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button