Ако немате време, а ви се јаде нешто слатко, или пак изненадно ви се најавија гости, тогаш вреди да го испробате овој рецепт.
ФОТО: Profimedia
Потребни состојки:
3-4 јаболки
1 чаша кафеав шеќер
1 1/4 чаша брашно
1 лажичка прашок за пециво
Малку сол
1 лажичка цимет
3 јајца
Половина чаша путер
2 лажички лимонов сок
1 лажичка екстракт од ванила
Мед
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови, намачкајте го калапот за колач со зејтин и ставете малку брашно. Измешајте ги сувите состојки во еден сад. Во друг сад пенесто изматете го путерот, додајте едно по едно јајце и останатите течни состојки, па постепено додавајте го сувиот дел со брашното. Јаболките исчистете ги, сечете ги на половина или на четвртина, Смесата ставете ја во калапот и внатре притиснете ги јаболките, па печете околу 40 минути. Растопете го медот со топла вода и премачкајте го готовиот колач и јаболките. По желба послужете и сладолед од ванила.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .