„Со среќа, мајкина гулабице“ – Зуица Лазова сподели пресреќна вест за ќерка ѝ Македонка!
Advertisement
Естрада1 час ago
Фото: Фејсбук/Зуица Лазова
Фолк-пејачката и професорка по хармоника Зуица Лазова го подели најубавиот семеен момент – нејзината ќерка Македонка официјално дипломираше соло пеење на Факултетот за музичка уметност.
На социјалните мрежи, Лазова објави фотографија од свечениот чин и со гордост напиша:
Advertisement
„Година подоцна, вистинската диплома е конечно во нејзините раце. Со среќа, мајкина гулабице”.
Македонка, која својата музичка насока ја пронајде во светот на класиката, чекори по свој јасно поставен пат. Зуица признава дека никогаш не ја насочувала кон одреден жанр – ниту неа, ниту брат ѝ Стефан – туку им дозволила самите да го изберат она што ги прави среќни.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .