Огласи
Наши ѕвезди

Со потресна порака Игор Џамбазов се простува од Сара – „ќе те паметам дури дишам“

„Имаше очи што зборуваат...“

advertisement
advert

Нашиот актер, музичар, шоумен, Игор Џамбазов, ја изрази својата огромна тага за загинатите колеги во стравичната несреќа во Кочани, а во посебна објава заплака по Сара.

Објавата на Игор е поетична, создадена во рима, но и камен ќе распукне од зборовите.

принтскрин Инстаграм, Игор Џамбазов

„Имаше очи што зборуваат.

реклама

На земја те соборуваат.

А под нив една насмевка вредна вечност.

Сарке мила, ќе те паметам дур дишам…“ – напиша Џамбазов.

Марpкетинг

Потсетуваме, по големата трагедија од Сара со тажна порака на социјалните мрежи се збогуваа и колегите од Факултетот за музички уметности, како и бројни ѕвезди со кои Пројковска беше мошне блиска во текот на својата кариера.

инстаграм

Од Сара со голема болка се збогуваше пејачката Каролина Гочева која со Сара беше мошне блиска и ја чувствуваше како сестра.

фото- Каролина Гочева, инстаграм

„Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка… толку спомени, пеења, радости, Евровизии, концерти, солзи, журки…толку години поминавме…ти и Ана сте толку голем дел од мојот живот…уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон…многу ќе ми фалиш Сарке моја“, напиша Каролина и сподели повеќе заеднички фотографии со Сара.

На профилот на Инстаграм на Сара има и една заедничка фотографија на која е со Елена Ристеска, а под која пишува:

„Една сестринска, пошто сконтавме дека не сме се сликале никогаш, пишува под нивната заедничка фотографија“.

Фотографијата сега ја сподели самата Елена.

инстаграм

 

 

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button